Папуа Нова Гвинеја / Фото EPA-EFE/NINGA ROLE

Расте бројот на загинати во Папуа Нова Гвинеја, затрупани над две илјади луѓе

Огромното лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја затрупа повеќе од 2.000 луѓе, изјавија властите на оваа пацифичка земја пред ОН во понеделникот, со што новиот биланс на загинати е многу поголем од првичните проценки.

„Свлечиштето затрупа живи повеќе од 2.000 луѓе и предизвика значителна материјална штета“, изјави тамошниот центар за управување со катастрофи пред канцеларијата на ОН во главниот град Порт Морзби, пренесе АФП.

Планинското село во провинцијата Енга, во центарот на архипелагот, беше речиси целосно избришано кога дел од планината Мунгало се урна околу 3 часот по полноќ во петокот по локално време, затрупајќи десетици куќи и изненадувајќи ги заспаните жители.

Проценетата бројка на жртви веќе се искачи на 670 овој викенд, кога спасувачите сфатија дека селото погодено од одронот има повеќе жители од проценетото.

Свлечиштето предизвика „значително уништување на згради, градини за храна и имаше големо влијание врз економијата на земјата“, проценува Центарот за управување со катастрофи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот