Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја
Силен земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Епицентарот на земјотресот бил 81 километар североисточно од градот Ангорам и се случил на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

