Распродадено, нема повеќе карти за натпреварот помеѓу Македонија и Германија

фото: ФФМ

Моментно најдобрата македонска фудбалска репрезентација е во Вадуц каде што утре ќе го игра новиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство против Лихтенштајн.

Очекуваме избраниците на селекторот Благоја Милевски да ја оправдаат фаворитската улога, а потоа во победничка атмосфера го дочекаат спектаклот во Скопје три дена подоцна на 11 октомври против Германија.

Интересот е голем за овој голем и важен меч за „рисовите“, за четири дена се распродадени сите билети за дуелот против Германците колку што беше дозволено поради ситуацијата со ковид-19.

Овој меч ќе се игра со 50% капацитет, а тоа значи дека околу 17.000 навивачи се очекува да присуствуваат на трибините на Националната арена „Тодор Проески“.

На сајтот на „karti.com.mk“ стои информацијата дека за натпреварот Македонија – Германија (11.10.2021) во моментов нема продажба за овој настан, односно е распродадено.

За четири дена распродадени сите карти за натпреварот Македонија – Германија/Фото: Принтскрин/karti.com.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку официјалниот партнер за продажба на билети, MKTickets пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

– Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија да дојде до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за СП – објавија од ФФМ.

Согласно официјалната одлука на Владата на натпреварот е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест
– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.

Елмас: Мора да го победиме Лихтенштајн за да останеме во игра за СП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот