Елмас: Мора да го победиме Лихтенштајн за да останеме во игра за СП

Македонија на осми октомври му гостува на Лихтенштајн во квалификации за СП 2022/ фото: EPA-EFE/Mihai Barbu

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вели дека победата над Лихтенштајн е неопходна за „црвено-жолтите“ да останат во игра за второто место во групата Ј во квалификациите за пласман на СП 2022 година.

– Мора да победиме за да останеме во игра за Светското првенство. Се надевам дека ќе се вратиме со три бода. Треба да го одиграме тоа што селекторот ќе го побара од нас. Ќе се обидеме да ја подобриме реализација, но и некои други детали во играта. Лихтенштајн игра дефанзивен фудбал, компактни се и ќе биде тежок натпревар, потоа Германија ќе биде уште потежок, но наше е да одиграме тоа што знаеме, умееме и се надевам дека од двата натпревари ќе добиеме максимум што е можно – вели Елмас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот