Расчистена кражба во ресенско, лишени од слобода тројца крадци

Македонска полиција/ Фото: Миа

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, ОВР Прилеп и ПО Ропотово на 24 и 25.11.2022 лишија од слобода три лица Е.С.(38)од Битола, И.Н.(48)од Прилеп и А.А.(46)од с.Лажани, општина Долнени, поради основи на сомнение дека на 27.04.2022 во с.Подмочани, ресенско, во дворно место украле трактор ИМТ, сопственост на лице од Ресен.

Како што информираат од МВР, тракторот е пронајден и ќе биде вратен на сопственикот, а против приведените ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот