Раперката Ники Минаж ја објави бременоста преку инстаграм пост!

ники минаж
Фото: Profimedia

Познатата пејачка и раперка Ники Минаж ја откри својата бременост преку инстаграм пост.

инстаграм

37-годишната ѕвезда објави слика на која позира во бикини со своето трудничко стомаче и покрај објавата напиша #Preggers.

инстаграм

Ова ќе биде првото дете за пејачката и нејзиниот сопруг Кенет Пети, со кого таа се омажи во октомври 2019 година после скоро цела година врска.

инстаграм

Минаж претходно спомна дека се радува на станувањето мајка и дека е решена дури и да се откаже од кариерата за да го исполни нејзиниот сон како родител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот