Раперката на мажот за роденден му подари стриптиз и половина милион долари во кеш (ВИДЕО)

инстаграм

Американската раперка Карди Би одлучи на својот сопруг Офсет да му приреди роденденска забава која ќе ја памети цел живот. И успеа во тоа!

Алкохол на литри, полуголи девојки, гласна музика, стриптизерки и еден куп пари се зборовите со кои може да се опише оваа забава која ја организираше раперката.

Офсет го прослави својот 28 роденден, а сопругата и тоа како го изненади со подарокот. Видеото го објави на социјалните мрежи со опис „Нешто малку за славеникот…“

инстаграм

Парите му ги ставила во фрижидер, а на видеото може да се види како Офесет го празни ладилникот и носи еден куп пари од по 100 долари.

„Знам дека не морав да ти го давам ова, но не знаев што да ти дадам, а морав да ти дадам нешто“, му кажа раперката на воодушевениот сопруг.

„Среќен роденден, но сега не очекувај божиќен подарок“, му порача таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот