Рано е да се отворат петте нови ковид-амбуланти, вели Сали: Во Скопје ПЦР-тест се чека само еден ден

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пациентите кои имаат потреба за ковид-тест во Скопје ако денес побараат да бидат тестирани ќе направат брз тест истиот ден, а ПЦР следниот ден, рече министерот за здравство Беким Сали вечерва во гостување на ТВ Сител.

Чекање со денови за тестирање, според него, можеби се случува во помали градови каде што нема доволно ПЦР-тестови и граѓаните се приморани да патуваат во други места.

Сали не гледа никаква причина да не се реализира планот за најавените пет ковид амбуланти на територијата на Скопје, за што вели дека се во комуникација со сите лекари.

„Во моментот кога веќе ќе дојдеме до фаза да имаме потреба од активирање на тие ковид амбуланти, како систем сме подготвени на ниво на Скопје, се знаат локациите. Тука ќе имаме брзо тестирање веднаш, без закажување термин, лабораторија и евентуално брз упат веднаш за ренген снимање на бели дробови доколку бара клиничката слика“, рече Сали, наведувајќи дека две од трите здруженија на матичните лекари потврдиле дека ја поддржуваат иницијативата.

Во тек на овој бран во кој навлегуваме, работата на овие пет центри во кои пациентите ќе добијат навреме и дијагностика и резултати и третман ќе придонесе за заштита на другото население кое не е инфицирано.

Тој уверува дека на инфективните одделенија има сосема доволна количина лекови кои се потребни и тоа од сите најсовремени терапии што се практикуваат.

Државата располага со 350.000 дози вакцини за заштита од ковид со рок на траење до октомври. Сали го повтори апелот граѓаните да се вакцинираат и да се заштитат предвреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот