Рама: Се обврзуваме да ги вакцинираме сите 11 илјади здравствени работници од Косово

epa09044356 Albanian Prime Minister Edi Rama arrives for an EU-Albania Association Council meeting with the High Representative of the European Union for Foreign Affairs and Security Policy, at the EU headquarters in Brussels, Belgium, 01 March 2021. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Албанија ќе ја преземе вакцинацијата на целокупниот здравствен персонал на Косово, најави албанскиот премиер Еди Рама, откако вчера, од Турција донесе пратка од 192 илјади вакцини од кинеско производство.

-Сега имаме можност да дадеме директна порака до Косово, до нашите браќа и сестри таму, подготвени сме веднаш да ја преземеме вакцинацијата на белите мантили на Косово. Таму има 11 илјади здравствени работници и за 20 дена сме подготвени да ги вакцинираме сите. Ако сакаат да го организираат процесот и побрзо да дојдат во Кукс, нема проблем, тоа може да се направи за побрзо време, а ние ќе обезбедиме вакцинација до полноќ, три смени дневно, рече Рама, додавајќи дека тоа ќе зависи од договорот со косовското Министерство за здравство.

Претходно во пунктот во северниот албански град Кукс вакцинирани се 500 косовски здравствени работници, главно од болниците во Приштина.

Рама додаде дека Албанија планира до јуни со имунизацијата да биде опфатена целата повозрасна популација, посочувајќи дека деновиве почнува вакцинацијата и на лицата на возраст над 60 години.

Во Албанија досега се вакцинирани над 60 илјади лица, главно здравствени работници, просветни работници, универзитетски професори, како и лица повозрасни од 80 години.

Во Албанија досега пристигнати се над 282 илјади вакцини од „Фајзер”, од „АстраЗенека” „Спутник V” и од „Синовак”. За неполни 60 дена, како што најави Рама, тој број ќе се зголеми на 1,2 милиони дози. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот