„Рама бегај, преварант“: Погледнетe како беше пречекан Еди Рама во Лондон (ВИДЕО)

EPA-EFE/FILIP SINGER

Албанксиот прмиер Еди Рама беше пречекан со протести и во Лондон, додека се упатуваше на средбата со премиерите од Западен Балкан, пренесува „Газета Експрес“.

„Измамник, мафијаш“’, ова беа некои од извиците упатени од Албанците, кои ги организирале протестите против Рама.

Рама изгледа изненаден откако се симнуваше од неговото возило за да влезе во хотелот каде треба да се оддржи средбата со премиерите на Македонија и Србија.

Десетици албански емигранти продолжиле со извиците: „Албанска мафија, Рама бегај, Рама дојди долу те чекаме, предавник“.

Еден од демонстрантите вели дека ќе останат таму се додека не излезе Рама, затоа што според него, емигрантите во Англија се чустуваат разочарани од албанското владеење и од објавувањето на аудио-прислушкувањата кои го оцрнија имиџот на земјата.

Рама веќе два дена се наоѓа во Лондон, од каде беше запознаен со новите прислушкувања објавени од „Билд“, во кои се појавува самиот тој и функционери на Социјалистичката партија, кои преговараат за купување на гласови во локалните избори во Дебар, во 2016 година.

Експрес објави и снимка од Факсвеб од протестите против Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот