Ракометната федерација на Македонија донираше 1,372,550 денари за „СОС Детско село“

фото: РФМ

Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“ – пишува на врамениот дрес кој Ракометната федерација на Македонија го доби од организацијата „СОС Детско село“ по повод примо-предавањето на донацијата.

Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на РФМ, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.

Трошоците за реализација на настанот, покриeни се од страна на Ракометната Федерација на Македонија и нејзините спонзори. Посебна благодарност во оваа насока, Македонската куќа на ракометот, би сакала да упати до: „Триглав Осигурување“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Халк Банка“, „Пивара“, „Никоб“, „Македонската Телевизија“, „ТВ Телма“, „Проевент“ и „КЛС“; како и до сите македонски уметници, компании и индивидуалци кои сесрдно ја прифатија поканата за учество во настанот без авторски или друг вид на надоместоци.

фото: РФМ

Ракометната Федерација на Македонија во оваа прилика би сакала посебно да се заблагодари на бројната публика во арената „Борис Трајковски“. Спектаклот „Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот.

Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа. Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот