Ракометарките загубија од Хрватска и на крајот завршија на 12 место на СП

фото: РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години настапот на Светското првенство што се игра во Скопје го заврши со пораз од 28:32 од Хрватска. Поразот од Хрватска значеше и пласман на 12 позиција на ракометниот Мундијал за младите македонски ракометарки.

По поразот од Исланд во групната фаза кој одлучуваше за пласманот во четвртфиналето, избраничките на селекторот Љубомир Савевски играа се послабо и доживеаја два порази.

Во дуелот со Хрватска младите ракометарки одиграа лошо иако во воведните минути имаа резултски егал (6:6). Но, потоа следеа минути на „коцкестите“ кои преку контранапади ги казнуваа грешките на нашите ракометарки и прво дојдоа до плус осум (8:16), а потоа на одмор заминаа со двоцифрена предност (10:20)

Во второто полувреме, Македонија успеа да направи серија од 10:1 и на десет минути до крајот дојде до 23:26.

Одговорот на Хрватска беше мии серија од 0:3 за 23:29 на осум минути до крајот по што избраничките на Савевски немаа сила повторно да се вратат во игра и се изборија за пораз од четири гола 28:32.

Девет гола за Македонија даде Ризоска, шест пати прецизна беше Дукоска, додека голманката Јовановска запре девет удари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот