
Радиото Џез ФМ со концерт во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе го одбележи Светскиот ден на радиото
Одбележувањето на Светскиот ден на радиото ќе се одржи на 13 февруари во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. На настанот, кој е во рамките на „Денови на литературата“, ќе настапи џез-составот „Skopje Jazz Inc“.
Препорачано
Концертот, што ќе почне во 21 часот, ќе се пренесува во живо на добро познатата фреквенција на Џез ФМ – 100.8 ФМ, како и онлајн на jazzfm.mk, известија од тимот на радиото Џез ФМ.
Џез-составот „Skopje Jazz Inc“ го сочинуваат четворица извонредни музичари – Трајче Велков на труба, Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (бас-гитара) и Виктор Филиповски (тапани).
Во 2013 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја одобрило прокламацијата на УНЕСКО за Светски ден на радиото да биде 13 февруари. На овој ден се слави радиото како медиум кој образова, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури.