Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во С.Македонија е предворјето за влез во ЕУ

Румен Радев/ Фото: МИА

Претседателот на Бугарија Румен Радев повика на почитување на правата на Бугарите во Република С. Македонија и посочи дека тоа е предворјето за нејзина интеграција во Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев ја коментираше и темата за уништените бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија.

Тој рече дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана и истакна дека, според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација, процес на заживување на уништувањето на бугарското културно-историско наследство во Република С.Македонија.

-Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република С.Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република С.Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и парламентот на Република С.Македонија, додаде Румен Радев. Бугарија категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, додаде Радев, според кого вистинскиот проблем е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Република С. Македонија.

Според  потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова скеврнавењето на гробовите на бугарските војници во Република Северна Македонија”, е „многу долга сага” . Таа додаде дека во 2010 година во Европскиот парламент, бугарската делегација го поставила ова прашање, како и тоа дека имало и мисија во Република Северна Македонија во врска со тоа, во која учествувале европратеници од други држави членки на ЕУ.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот