Радев: Најдоцна до петок треба да го врачам третиот мандат

фото МИА

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека до петок мора да го врачи третиот мандат. „Можам и да го забавам и ќе направам тоа, но до петок”, има изјави Радев на новинарите при  денешната посета на Болјарево и Тополовград, јави БГНЕС.

Бугарскиот претседател одби да каже на која партија ќе и го предаде мандатот, а само нафрли дека  „сите опции се отворени”.

-Во оваа конфигурација во парламентот, ако сме успешни, зборот компромис мора да биде присутен, а не е присутен, рече Радев. Тој повторно ги повика пратениците да размислат за донесување на ребалансот на буџетот.

Според него, можни се двојни избори есенва, но не е јасно дали тоа е технички остварливо.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот