Фото: МИА / илустрација

Работник починал додека градел автопат кај Гостивар

Работник вчера починал додека работел на изградба на автопат во близина на гостиварските села Долна Ѓоновица и Симница, соопшти МВР.

Станува збор за Д.П.(60) од село Врашчиште кој работел на извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот.

Смртта ја констатирал лекар од приватна здравствена установа, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот