Фото: mkd.basketball

Работнички го совлада Чаир 2030 и е уште поблиску до опстанокот во елитата

Откако пред своите навивачи славеа сигурна победа над Чаир 2030 со резултат 94:83, кошаркарите на Работнички направија уште еден чекор кон обезбедување на место во првите три екипите од Плеј-аут сегментот на „МТЕЛ“ Супер лигата.

За Работнички најефикасен со 28 поени беше најдобриот стрелец во лигата, Виктор Ефремовски, кој додаде и шест скока и пет асистенции).

Во екипата на Чаир 2030, Тачи постигна 22 поени, имаше и осум асистенции и четири асистенции.

На табелата Работнички е на третото место со 36 бодови, додека Чаир 2030 е на второто место со 37.

Во следното коло на 25 април, Чаир 2030 ќе игра дома со Феникс 2010, додека Работнички ќе му гостува на МКК Куманово.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

МКК Куманово – Ангели 96:77

Работнички – Чаир 2030 94:83

Феникс 2010 – Гостивар 98:85

ТАБЕЛА

1.МКК Куманово 25 13 12 2050:1988 38

2.Чаир 2030 25 12 13 2036:2112 37

3.Работнички 25 11 14 2086:2033 36

4.Феникс 2010 25 9 16 1986:2041 34

5.Гостивар 25 7 18 1867:2004 32

6.Ангели 25 2 23 1586:2202 27

ИДНО КОЛО (25.АПРИЛ)

Ангели – Гостивар

Чаир 2030 – Феникс 2010

МКК Куманово – Работнички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот