Работилницата за изработка на Национална развојна стратегија: Ваквиот документ е клучот за посилна и побезбедна држава

Фото: Министерство за одбрана

Работилница со фокус на заедничката надворешна и безбедносно-одбранбена политика, беше одржана денеска како дел од консултативниот процес за креирање на Националната развојна стратегија.

– Потребата од еден ваков стратешки документ каков што е Националната развојна стратегија е показател за сериозниот пристап кој го има Владата во трасирање на развојниот пат на државата во следните 20 години. Ваквиот пристап обезбедува широка консултација и постигнување сеопфатен консензус меѓу сите чинители важни за општествениот развој во трасирањето на визијата за тоа како државата треба да се развива во наредните две декади, истакна на работилницата министерката за одбрана Славјанка Петровска.

На работилницата учествуваа претставници од различни министерства, агенции, приватни компании, експерти и невладини организации кои дадоа свој придонес во дискусијата. Заеднички се работеше на предефинирани теми и беа понудени решенија односно активности со кои во иднина би се работело на решавањето на предизвиците поврзани со безбедносно-одбранбената политика, со кои се соочуваме како држава.

Mинистерката говореше и за предизвиците со кои се соочи државата, а се од хибридна природа и го таргетираа образовниот систем на државата и здравствениот систем, односно сајбер нападот на Фондот за здравство. Нивната цел, како што рече, е внесување на паника и несигурност во државата и создавање на слика кај граѓаните дека институциите не можат да се справат со овие предизвици.

-Сите наши заложби се насочени кон обезбедување на неопходните прерогативи за нормален развој на општеството и бенефит на граѓаните. Членството во НАТО Алијансата ни даде дополнителен стимул на сите нас не само да работиме посветено на безбедноста, мирот и стабилноста, туку и самите ние да бидеме чинители во гарантирање на мирот и безбедноста во евроатлантската област. Националната развојна стратегија е одлична алатка која ќе даде дополнителен импулс во определувањето на областите каде што е потребно да инвестираме повеќе сега, за да обезбедиме поквалитетен и попросперитетен живот во годините што доаѓаат, рече таа.

Работилницата е организирана од кабинетот на Заменикот претседател на Владата за економски прашања, Министерството за финансии, Генералниот секретаријат, како и УНДП, Канцеларијата на постојниот координатор на ОН и амбасадите на Обединетото Кралство и на Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот