Раб: Враќањето на Колесникова мора да биде врвен приоритет, режимот мора да престане

Марија Колесникова / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Велика Британија ја повика владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко враќањето на Марија Колесникова да стане нејзин главен приоритет, откако вчераутро беше соопштено дека опозиционерката била киднапирана од неидентификувани лица.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека е „сериозно загрижен за Марија Колесникова”, јавија синоќа британските медуими.

-За режимот на Лукашенко, нејзиното безбедно враќање мора да биде врвен приоритет. Режимот мора да престане сурово да се однесува кон демонстрантите, да ги пушти на слобода политичките затвореници и да почне дијалог со опозицијата, рече британскиот министер за надворешни работи.

Неидентификувани лица вчераутро во центарот на Минск ја киднапираа Марија Колесникова, лидерка на белоруските протести, и ја однесоа во непознат правец, изјавија очевидци на настанот за локалните медиуми.

Соработниците на Колесников изјавија дека ги проверуваат овие извештаи во медиумите, како и белоруската полиција која ја истражува веродостојноста на информациите. 

Соработниците на белоруската опозиционерка со тврдење: Марија Колесникова е уапсена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот