Путин: Западот се зароби себеси, сакајќи да ја зароби Русија

Владимир Путин
Владимир Путин /EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN

Западот влезе во стапица затоа што не можеше да ги предвиди тенденциите кои ќе придонесат за слабеење на неговата глобална доминација, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот лидер присуствуваше на прославата на стогодишнината на руската тајна разузнавачка служба во седиштето на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) и во таа прилика истакна дека приоритет на службата е стратешко прогнозирање на развојот на меѓународните процеси, пренесе Спутник.

Тој оцени дека во светот има многу истомисленици кои сакаат да одат по својот пат, само се плашат да кренат глава и гласно да зборуваат за тоа.

„Западот се обидува да ја игнорира реалноста што не му одговара, како и формирањето на мултиполарен светски поредок. Несомнено, тој не може целосно да ги игнорира овие објективни тенденции. Но, во пракса, неговата политика се води од една цел – да ја зачува сопствената доминација со сите средства“, изјави Путин.

Тој додаде дека догматизмот, товарот од минатото и неподготвеноста да се соочиме со вистината неизбежно го зголемуваат ризикот од натамошни непромислени импулсивни дејствија од страна на Западот.

Путин оцени дека денес Западот цинично користи милиони Украинци како потрошен материјал во своите геополитички игри и обиди да ја задржи Русија, а во „американскиот“ свет едноставно се газат правата на сите други.

Тој додаде дека обидите за задржување на Русија не се ништо повеќе од желба да не се дозволи Русија да се развива со потребното темпо и врз основа на традиционалните вредности кои и се неопходни.

„Какво ограничување е тоа? Тоа е едноставно борба против Русија“, изјавил Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот