Путин се закани со одмазда за вандализираните избирачки места во Русија
Путин истакна дека Русија на овие обиди за провокација ќе одговори со уште поголемо единство, нагласувајќи дека таквите ѕверства нема да останат неказнети.
Препорачано
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина се обидела да го наруши рускиот изборен процес со гаѓање цивилни цели и користење на вооружени групи во неуспешниот обид да ја пробие руската граница.
Путин истакна дека Русија на овие обиди за провокација ќе одговори со уште поголемо единство, нагласувајќи дека таквите ѕверства нема да останат неказнети.
Како што информира Путин 95 отсто од гранати и проектили биле соборени од руската противвоздушна одбрана, но некои поминале и имало жртви меѓу руските цивили. Тој посочи дека имало четири напади врз регионот на Белгород и еден напад врз регионот Курск од вооружени украински полномошници кои броеле околу 2.500. Тој рече дека имале 35 тенкови и 40 оклопни возила.
Путин рече дека околу 60 отсто од војниците поддржани од Украина се убиени, а половина од нивните оклопни возила се изгубени.
– Сигурен сум дека нашиот народ, народот на Русија, на ова ќе одговори со уште поголема солидарност. Кого решија да го заплашат? Рускиот народ? – рече Путин.


