Рускиот претседател Владимир Путин/EPA-EFE

Путин: Русија останува меѓу лидерите на светскиот енергетски пазар и покрај тешкотиите

Русија останува меѓу водечките учесници на светскиот енергетски пазар и покрај значителните тешкотии, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Танјуг.

Тој на пленарната седница на форумот „Руската недела на енергетиката“ (REW), што се одржува во Москва до 28 септември, рече дека националните компании успеале да го променат снабдувањето со нафта, нафтени деривати и јаглен во последните две години, пренесуваат руските медиуми.

Вицепремиерот на Русија, Александар Новак, на истиот состанок изјави дека Русија ќе подготви список на суровини што се забранети за извоз во земји кои ги смета за непријателски.

Според него, забраната ќе вклучува „прилично голема листа на производи кои денес се барани на светските пазари“, а меѓу нив ќе бидат и минералите и енергетските производи, пренесува Комерсант.

На 11 септември рускиот претседател и нареди на владата да ја анализира можноста за ограничување на снабдувањето со ураниум, никел и титаниум на странските пазари.

Тој потоа додаде дека не треба да се брза со овие забрани за да не се наштети на економскиот развој на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот