Путин повика скоро 150.000 млади Руси да го отслужат задолжителниот воен рок

Владимир Путин/ Фото EPA-EFE/ALEKSEY NIKOLSKYI/

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша во четвртокот декретот со кој повика 147.000 млади руски државјани кои се воени обврзници на служење воен рок како дел од редовното пролетно регрутирање, објавија руските државни медиуми.

„Од 1-ви април до 15-ти јули 2023 година ќе се врши регрутирање на руски државјани на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резервен состав а кои подлежат на воена служба. Ова се однесува на 147.000 луѓе“, се наведува во указот на рускиот претседател.

Рускиот претседател последен пат потпиша ваква одредба во септември, повикувајќи 120.000 граѓани на редовна служба, објави државната новинска агенција ТАСС.

Во тоа време, руското Министерство за одбрана соопшти дека редовното есенско регрутирање „не е никако поврзано со специјалната воена операција“, официјален руски термин за инвазијата на Украина.

Сите мажи во Русија на возраст од 18 до 27 години мора да отслужат воен рок во траење на една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот