Путин потпиша нов декрет: Се формира специјален фонд за поддршка на руските војници во Украина

Владимир Путин/ Фото EPA-EFE/ALEKSEY NIKOLSKYI/

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ за формирање специјален фонд за поддршка на руските војници кои се борат во Украина и нивните семејства. Указот за поддршка на „Бранителите на татковината“ е објавен на официјалната веб-страница на Владата.

Мерките се „со цел да се обезбеди пристоен живот“ за војниците вклучени во офанзивата во Украина, како и за нивните партнери и деца, се наведува во декретот.

Одлуката за формирање на специјален фонд за поддршка на руските војници е донесена од Парламентот на 21 февруари.

– Наша должност е да ги поддржиме семејствата кои ги загубија своите најблиски и да им помогнеме да ги подигнат своите деца и да им дадеме образование и работа“, рече тогаш Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот