Путин постави три услови за прекин на огнот

Украина Русија преговори/ Фото: МИА

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека демилитаризацијата на Украина и западното признавање на рускиот суверенитет над полуостровот Крим се предуслов за прекин на борбите во Украина, соопшти Кремљ.

Делегациите на Русија и Украина се враќаат во своите главни градови на консултации, откако денеска беше одржан прв круг од преговорите за прекин на конфликтот.

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека демилитаризацијата на Украина и западното признавање на рускиот суверенитет над полуостровот Крим се предуслов за прекин на борбите во Украина, соопшти Кремљ.

„Владимир Путин истакна дека решението е можно само доколку безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, вклучително и признавањето на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризацијата и денацификацијата на украинската држава и обезбедувањето на нејзиниот неутрален статус“, се наведува во соопштението на Кремљ по денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Макрон.

Украинската делегација ја предводеше министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, и во неа заедно со Подољак, се и лидерот на партијата Слугата на народот Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки.

Руската делегација ја предводеше советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на руската Дума Леонид Слуцки.

Шефот на руската делегација во преговорите Владимир Медински изјави дека двете страни договориле разговорите да продолжат и втората рунда да биде одржана во следните денови на полско-белоруската граница.

– Најважно е дека се договоривме да пролжи преговарачкиот процес – изјави Медински по завршувањето на првата рунда преговори, што траеше пет часа.

Делегациите на Русија и Украина денеска се сретнаа во белорускиот пограничен град Гомел.

ВО ЖИВО | Продолжува конфликтот меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот