Путин одлучи да се вакцинира со „Спутник В“

Фото: EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде вакциниран против Ковид-19, станува јасно од зборовите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето на новинар на Радио Русија, портпаролот рече дека Путин одлучил да се вакцинира и чека да бидат завршени формалностите. Рускиот претседател во своите досегашни излагања повеќепати истакна дека вакцината „Спутник В“ е безбедна и ефикасна, а властите соопштуваа дека против руската вакцина се води информативна војна.

Претходно директорот на Научно-истражувачкиот институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја”, Александар Гинцбург изјави дека се уште од вакцината не се забележани сериозни алергиски реакции.

– Алергиски реакции на вакцината Спутник В не се пријавени за време на клиничките испитувања, во која било од трите фази, како и во циркулацијата меѓу граѓаните – рече тој во интервју за каналот „Русија 24″.

Тој додаде дека 85 проценти од волонтерите кои ја примиле вакцина Спутник В немале никакви несакани ефекти, а оти 15 проценти од вакцинираните развиле црвенило на местото на инјектирање и лесна главоболка што поминала во рок од 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот