Путин ги објави резултатите од референдумите: Четирите украински региони одлучија да се приклучат кон Русија

Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN

Рускиот претседател Владимир Путин ги објави резултатите од рефендумите кои се одржаа во четирите украински региони и соопшти дека тие изгласале за приклучување кон Руската Федерација.

„Знаете дека се одржаа референдуми во Доњецк, Запорожје, Керсон и Луганск. Гласовите беа преброени и народот дефинитивно одлучи, без никакво сомневање. Денеска ќе потпишеме договори за анексија. Ова е волја на милиони луѓе, Русија сега има четири нови региони“, рече Путин.

„Тоа е нивно право, кое се наоѓа и во повелбата на ОН“, рече Путин.

Путин потоа ги пофали „сите херои кои загинаа во специјална воена операција“.

„Ова се хероите на голема Русија. Да им оддадеме почит со едноминутно молчење“, рече Путин.

„Милиони луѓе во овие региони одлучија и никој не може да ги негира овие историски чувства на припадност“, рече Путин.

Со „Аншлусот“ на Путин, Украина од денеска веќе нема да биде иста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот