Путин е на чекор до постигнување голема цел, а тоа значи иднина во страв

Најавата за голема заедничка воена вежба на армиите на Русија и Белорусија, под кодно име „Запад 2021“, загрижи многумина на Западот. Набргу по објавувањето на првата информација, некои аналитичари изразија страв дека оваа воена вежба е само вовед во нешто далекусежно – ништо помалку од соединување на Белорусија кон Руската Федерација.

Ваквите процени можеби се претерани, но едно е болно очигледно на Западот – Александар Лукашенко е повторно близок со Путин.

Кремлин е фокусиран подолго време на воспоставување трајно воено присуство во Белорусија, што значи формирање воена база на територијата на Белорусија. Сепак, таа цел не е постигната до денес.

Кремлин објави дека на месеците пред воената вежба „Запад 2021“, закажана за септември, силите на двете земји ќе се фокусираат на воспоставување логистичка база со цел да се олесни снабдувањето на руски трупи на подолг период

Според Џорџ Баросо, експерт од Институтот за проучување на војната, „Запад 2021“ ќе му помогне на Путин да го оствари својот долгогодишен сон за создавање постојана база во Белорусија.

Путин долго време се обидуваше да ја привлече Белорусија во рускиот логор и со тоа практично да го прошири Рускиот западен воен округ. Од 2015 година, Кремлин вршеше притисок врз Белорусија да дозволи изградба на нова руска воздушна база на нејзината територија. Таа база би била лоцирана во источна Белорусија и таму би биле стационирани ловци СУ-27.

Командантот на Западниот округ, Анатолиј Сидров, предложи белоруските војници кои се членови на Здружената група да бидат префрлени во командата на Западниот воен округ.

Во 2015 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предложи обединување на одбранбените сили на Белорусија и Русија и нивно ставање под заеднички команден центар што би бил во Москва. Нешто слично беше направено со силите на Абхазија и Јужна Осетија.

Сепак, Белорусија се спротивстави на овие идеи.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот