ВИДЕО: Пукање во Хамбург, седуммина убиени во црква на Јеховините сведоци

Фото: EPA/EFE / Filip Singer

Најмалку седуммина луѓе загинале, а повеќе од 20 се повредени во пукање во северниот германски град Хамбург, јавија германските медиуми, повикувајќи се на службите за итни случаи.

Локалниот „Моргенпост“ објави дека седуммина од ранетите имаат сериозни повреди, а 17 луѓе се полесно повредени во крвавиот напад, за чијшто мотив засега нема информации.

Полицијата во Хамбург на Твитер објави дека имало голема полициска операција во округот Алстердорф и дека пукањето се случило во центар на Јеховините сведоци на улицата „Делбеге“ во областа Грос Борстел, пренесе „Би-би-си“.

Пукањето се случило на настан организиран од верската организација на Јеховините сведоци, на кој се собрале поголем број луѓе. Сите убиени имале рани од огнено оружје, додаде полицискиот портпарол, кој рече и дека напаѓачот или напаѓачите најверојатно се меѓу загинатите.

Преку федералната апликација за предупредување, NINAwarn, било испратено предупредување дека околу 21:00 часот по локално време, „еден или повеќе непознати напаѓачи пукале во луѓе во црква“. На жителите во близина им било кажано да не ги напуштаат своите домови поради тековната операција.

Полицијата наведе дека засега не се знае мотивот на нападот и ги замоли медиумите и граѓаните да не шират непотврдени информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот