Пукање во Филаделфија, најмалку четворица мртви, напаѓачот уапсен

САД полиција/ Фото EPA-EFE/DAVID SWANSON

Четири лица се убиени, а други четири се повредени во престрелка во Филаделфија. Напаѓачот е уапсен, објавија синоќа локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Портпаролот на полицискиот оддел во Филаделфија изјави дека има „повеќе жртви од огнено оружје“, но рече дека во овој момент нема дополнителни детали.

Синоќа пред 21 часот, 10 минути откако одекнаа истрели во градот, полицијата извести за апсење на осомничен маж кој носел балистички елек, додавајќи дека пронашла пушка и пиштол во блиската улица, пишува весникот „Филаделфија Инквајер“ („The Philadelphia Inquirer“).

Според извештаите на весникот и филијалата на филаделфиската телевизија WPVI, филијала на Еј-Би-Си Њуз (ABC News), двајца од застреланите биле малолетници, но не е јасно дали тие се меѓу загинатите.

Засега нема јасни детали за вооружениот напад. Медиумите јавија дека пукањето се случило во југозападниот дел на Филаделфија, во Кингсешинг.

Престрелката се случи еден ден откако две лица беа убиени, а 28 повредени за време на забава во соседството во Балтимор, Мериленд. Полицијата соопшти дека се уште трага по повеќе осомничени за пукањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот