Првото „Бебе Тесла“: На пат кон болница, сопругот го вклучил автопилотот и ја породил сопругата

Возило на Тесла/ Фото EPA/ERIK S. LESSER

Кошмарот на секоја трудница и се оствари на 34-годишната Јиран Шери од Филаделфија. Додека таа и нејзиниот сопруг Китинг го носеле своето тригодишно дете во градинка, таа почувствувала голема болка. Бидејќи болницата била на 20 минути, сопругот направил храбар и паметен потег: го вклучил автопилотот на својата Тесла!

Додека со едната рака го држел воланот, со другата и помогнал на сопругата која била свиткана под совозачкото седиште, пишува Вашингтон пост.

Толку силно ми ја стисна раката што мислев дека ќе ми ја откорне. И реков да дише длабоко, адреналинот нè „убива“.

Фото: Washington Post screenshot

Отпрвин се обидов да го задржам бебето во стомакот, но на половина пат сфатив дека сепак ќе излезе. Сум видел такви работи само на филм. На крајот, се се заврши добро, благодарение на инженерите на Тесла на брилијантниот автопилот – изјави Китинг Шери.

До моментот кога семејството пристигнало во болницата, бебето веќе било надвор, а медицинските сестри ја сечеле папочната врвца над возачкото седиште.

Иако во болницата веќе беше наречена „Бејби Тесла“, девојчето на крајот го доби името Мејв Лили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот