Првиот светски рекет Ѓоковиќ запиша нов рекорд!
Новак Ѓоковиќ се пласираше по деветти пат во полуфиналето на „Австралија опен“, а ривал ќе му биде Русинот Аслан Карацев. Српскиот ас направи нешто што никој во историјата на тенисот не го реализирал, дури ни неговите најголеми ривали и великани, Рожер Федерер и Рафаел Надал.
Познато е тоа дека Ноле е најуспешниот тенисер во историјата на „Австралија опен“ со вкупно осум трофеи, а со новиот пласман во полуфиналето запиша уште еден рекорд.
Првиот светски рекет стана првиот во историјата на машкиот тенис кој стигнал до барем девет полуфиналиња на секој од четирите грен слем турнири.
Во Мелбурн има досега одличен учинок, малку полош на „УС Опен“ (8-3), на „Вимблдон“ (6-3), а на „Ролан Гарос“ односот е 5-5. Го освоил секој грен слем барем по еднаш.
На Федерер му недостасува „Ролан Гарос“ каде играл на осум полуфиналиња. Не се знае дали Швајцарецот повторно ќе настапува во Париз, а од друга страна на Рафа му недостасуваат два грен слема.