Првиот човек на ФБИ на распит во Конгресот

Американскиот конгрес / Фото: Архива

На сослушувањето Реј изјави дека следењето на Пејџ било „неприфатливо”.

Во Комитетот за правда на Претставничкиот дом денеска на распит е Кристофер Реј, директор на Федералното биро за истраги (ФБИ).

Сослушувањето е поврзано со извештајот објавен лани во декември од Мајкл Хоровиц, генерален инспектор на Министерство за правда, во кој се откриваат детали за истрагите на ФБИ за врските на изборниот штаб на Доналд Трамп со Русија.

Во извештајот, меѓудругото, се допира и фактот за тајното следење на Кертер Пејџ од агенти на ФБИ. Пејџ е поранешен советник на изборниот штаб на Трамп.

На сослушувањето Реј изјави дека следењето на Пејџ било „неприфатливо”.

Тој изутринава беше на сослушување и во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот