Настанот ќе се одржи на 11 ноември во „Јуроп хаус“ во Скопје

Првата светска војна и Македонскиот фронт се предмет на предавање и изложба на Францускиот институт

Францускиот институт во Скопје организира предавање и изложба со наслов „Македонскиот фронт низ слики и предмети“, кои ќе се одржат на 11 ноември, од 19 часот, во „Јуроп хаус“ во Скопје.

Предавањето ќе биде одржано од страна на двајца еминентни експерти за Првата светска војна и Македонскиот фронт: Даниела Николова, историчар и кустос-советник во Музејот на македонската борба, и Ерик Алар, професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт.

Паралелно, во холот на „Јуроп хаус“ ќе биде поставена изложба на автентични разгледници и фотографии од приватни колекции, меѓу кои и онаа на Фросина Георгиевска и Бјорн Габриел. Изложбата претставува уникатно визуелно сведоштво за животот на војниците и народот за време на Првата светска војна во Македонија. Изложбата ќе биде отворена само на денот на предавањето.

Предавачот Даниела Николова неодамна престојуваше во Париз работејќи на проект за Првата светска војна и Македонскиот фронт. Како директор на Музејот на македонската борба за независност, таа е авторка на повеќе каталози и публикации за македонската историја, вклучувајќи го и каталогот „Македонија во Првата светска војна“ (2023). Нејзиното истражување се фокусира на документирањето на македонското историско и културно наследство.

Гостинот Ерик Алар е професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт. Од 2009 година тој спроведува археолошки истражувања и собира сведоштва за Првата светска војна во регионот на Битола. Од 2016 година е интегриран како експерт во групата за научна поддршка на Францускиот институт во Скопје за валоризација на Македонскиот фронт и автор на неколку публикации.

Предавањето е по повод денот на примирјето во Првата светска војна и ќе ги вкрсти француската и македонската перспектива на овој значаен историски период низ приказ на автентични фотографии и предмети од Македонскиот фронт. Предавањето ќе биде одржано со симултан превод, а влезот е бесплатен за сите посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот