Прва вселенска мисија на „СпејсИкс”

Компанијата „СпејсИкс” на милијардерот Илон Маск ќе се обиде утре да испрати четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС), во рамки на првата мисија на НАСА во која ќе се користи приватно произведено летало за превоз на луѓе.

Лансирањето на капсулата, наречена „Отпорност”, беше закажано за денеска од центарот на НАСА на Флорида, но е одложено поради силниот ветер.

Летот ќе трае осум часови и ќе биде првата оперативна мисија на „СпејсИкс” на Илон Маск. Во неа ќе учествуваат тројца астронаути од САД и еден од Јапонија.

Пробниот лет со двајца членови на екипаж во август беше прв лет во вселената на астронаути на НАСА од американско тло по девет години.

Претставници на НАСА претходно оваа недела го одобрија конечниот дизајн на капсулата, со што е завршена развојната фаза на „СпејсИкс” во рамки на јавно-приватната програма на агенцијата, која трае речиси 10 години.

НАСА во 2014 година потпиша договори со „СпејсИкс” и „Боинг” за развој на конкурентски вселенски капсули со цел да ја замени својата програма, која заврши во 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот