Прва лига: Кошаркарите на МЗТ го добија натпреварот против Чаир

Фото: МЗТ Скопје

Актуелниот шампион во Првата македонска кошаркарска лига МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето против Чаир со 89:84.

Овој меч на крајот од првото полувреме беше прекинат во четвртокот, па продолжи во саботата пред празни трибини во салата „Шабан Трстена“ во Чаир.

Во победничките редови доминираше Гилон со 19 поени и седум асистенции. На спротивната страна Галовеј имаше одлична партија од 40 поени и седум скокови.

Се одиграа уште два меча, Работнички славеше над Кожув со 92:73, додека Гостивар беше убедлив кај ФМП Академија со 102:82.

Табела: Работнички 36 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, Еуро Никел 33, Чаир 2020 33, ТФТ 33, Феникс 2010, Гостивар 27, Кожув 25, ФМП Академија 24, Охрид 23, Вардар 23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот