Прва легална плантажа со марихуана во Германија, цената на еден грам ќе биде 4,3 евра

Канабис / фото МИА

Во германскиот град Нојминстер беше засадена првата легална плантажа со марихуана. Безбедносните мерки во Германија се доста ригорозни бидејќи канабисот во Германија спаѓа под надлежност на законот за опојни супстанци, пренесува Дојче Веле. Од плантажата во Нојминстер, канабисот ќе биде пренесен во аптеките низ цела Германија. 

Од 2017-та лекарите од Германија на своите пациенти можат да им препишат користење на канабис само за медицински цели. Производството на канабис во Германија ќе го прават двете канадски фирми Апхри и Аурора, како и германскиот Демекан.  

Канабисот во Германија сè уште е легален само за медицинска цел.

„Самото тоа што и кај нас се сади канабис е добар знак. Тоа ќе значи дека и лекарите повеќе ќе се занимаваат со оваа тема“ изјави Јурген Нојмејер од организацијата „Канабис“ во интервју за Дојче Веле. 

Побарувачката за канабис во Германија се повеќе расте. Здравствените осигуреници не нудат прецизни податоци околу дозволената количина за конзумирање, иако бројот на дози кои аптеките ги даваат кај пациентите се сè поголеми. 

Германската влада ја одлучи цената на канабисот, која ќе изнесува 4,3 евра од еден грам. Домашниот канабис ќе биде поевтин од оној што Германците досега го увезуваа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот