Македонија Велс Фото: EPA/DIMITRIS LEGAKIS

Прв список на Седлоски – ги избра фудбалерите за мундијалската битка со Данска

Македонската фудбалска репрезентација на 26 март овој месец ја очекува еден од најважните натпревари во последните години, а пред овој дуел новиот селектор Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери.

За Седлоски, кој на клупата го наследи Благоја Милевски, натпреварот со Данска во Копенхаген ќе биде и негово деби, па така ова е и прв список што го објавува. Како и што се очекуваше, на него има повеќе промени во однос на фудбалерите на кои сметаше неговиот претходник.

На списокот на Седлоски има тројца дебитанти и тоа: Имран Фетаи од Шкендија, Дени Мусовски од Сиетл, САД и Колумбиецот Себастијан Херера кој поседува македонски пасош и настапува за Борац Бања Лука. Тука се и повратниците: Бобан Николов и Љупче Дориев.

Фото: ФФМ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот