Прв случај во светот: Маж се зарази со коронавирус од починато лице

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SAN RAFFAELE HOSPITAL

Во Тајланд од коронавирусот почина судско-медицински вештак, кој бил заразен од починато лице – тоа е прв таков официјално потврден случај во светот.

Здравствените организации ги повикале судско-медицинските вештаци и патолози да ги почитуваат мерките на претпазливост, бидејќи се уште нема потполни информации за начините на ширење на коронавирусот.

Се истакнува дека дезинфекцијата, која се спроведува во операциските сали, може да се изврши и на патолошките одделенија.

Според мислењето на експертите, веројатноста вештакот да се заразил со жив преносител на вирусот е мала, бидејќи бил во постојан контакт со мртви. Не постојат точни податоци за бројот на лешови заразени со коронавирусот, бидејќи на нив не им се прават редовни прегледи.

Според податоците на СЗО, белите дробови на лице починато од пневмонија, која е предизвикана од новиот вид на коронавирусот – можат да претставуваат опасност ако со нив не се постапува правилно за време на обдукцијата.

Исто така се тврди дека вирусите по смртта на лицето не живеат уште долго.

Во Тајланд според последните податоци, 2.613 луѓе се заразени со коронавирусот, а има 41 смртен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот