„Прозарт медиа“ стана член на престижната Интернационална алијанса на независни издавачи

Мапа со членови на Интернационалната алијанса на независни издавачи

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ стана првиот член од Македонија на престижната Интернационална алијанса на независни издавачи. Во Алијансата, којашто е оформена во 2002 година, членуваат повеќе од 800 издавачи од сите континенти, односно од шеесетина земји.

Алијансата се стреми кон промоција на независните издавачи, служи како место за експериментирање и размислување преку Опсерваторијата за библиодиверзитет, но и како лабораторија за алтернативни уредувачки практики. Алијансата организира и вмрежувања на издавачите членови, онлајн саеми на книга итн.

Една од целите во програмата 2022-2025 е потврдување и бранење на слободата и еднаквоста на говорот, а Алијансата ќе се бори и за враќање на рамнотежата помеѓу земјите извознички на книги и земјите увозници.

– Преговорите за влез во Алијансата започнаа во 2022 година на Саемот на книгата во Франкфурт, каде што „Прозарт медиа“ и уредникот Дејан Трајкоски беа поканети во престижната „Invitation program“ заедно со 20 одбрани издавачи од целиот свет. Неколку од авторите на „Прозарт медиа“ веќе се претставени и промовирани пред издавачите на Алијансата – истакнуваат од издавачката куќа „Прозарт медиа“.

„Прозарт медиа“ е организатор на Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“ и на „Скопје фелоушип програмата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот