Протести во Белорусија: Над 100 приведени лица, меѓу нив и новинари и опозициски политичари

Фото: EPA-EFE/STR

Над 100 лица се уапсени за време на денешните протести на опозицијата во Белорусија, соопшти Центарот за човекови права „Весна”. Списокот на притворени постојано се ажурира и сега на него има 103 имиња, пренесува агенцијата ТАСС. Меѓу нив и неколку новинари и опозициски политичари.

Претходно денеска полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа на улиците во Минск.

Протести во Белорусија се одржуваат од претседателските избори на 9 август, кога според официјалните податоци победи долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, додека опозицијата тврди дека изборите биле наместени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот