Протест на средношколците од Исламско училиште „Иса Бег“, бараат признавање на дипломите

Дел од средношколците од Исламското средно училиште „Иса Бег“ од Тетово, денеска на градскиот плоштад одржаа мирен протест, од каде побараа нивните дипломи да им бидат признаени на универзитетите во земјава.
Велат дека по завршувањето на средното образование, принудени се да одат надвор од Македонија за да продолжат со студии. Се работи за стар проблем, кој се уште не е решен.
„Правото на образование како човеково право е загарантирано во сите меѓународни конвенции, почнувајќи од Универалната декларација за човекови права. На ова право во Македонија се прекршува, затоа што им е оневозможено на учениците од Средното училиште „Иса бег“ да продолжат со студии на државните и приватните универзитети во земјава. Ова не е нов проблем, ниту пак непознат. Учениците се соочуваат со овој проблем уште од основањето на училиштето. Затоа морам да нагласам дека ова е не е прв протест организиран по ова прашање. Но, сега бараме овој проблем да се реши, оти учениците го губат трпението, а општеството и државата губат голем човечки и професионален капитал“, изјави Селвија Јусуфи средношколка во училиштето Иса Бег.

Средношколките побараа од Министерството за образование, ИВЗ како и од парламентарните политички партии да ги поддржат во нивното барање.
„Убедени сме дека решението постои, потребна е само волја, бараме еднаквост и право на образование“, дополнија учениците.