Роберт Просинечки, селекторот на црногорската фудбалска репрезентација/фото: fscg.me

Просинечки доживеа дебакл – неговата репрезентација прими пет гола од Мадагаскар

Роберт Просинечки продолжува со тежок старт на селекторската функција во Киргистан, откако го запиша и вториот пораз во низа. По минималниот пораз од Гвинеја (1-0) на дебито, неговиот тим денеска беше убедливо поразен од Мадагаскар со 5-2.

Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме, кое Мадагаскар го доби со убедливи 4-0. Во листата на стрелци се запишаа Арно Рандрианантенаина, Томас Фонтен, Ворен Кади и Клемент Кутурије.

Киргистан во вториот дел се обиде да се врати во игра и постигна два брзи гола преку Бекназ Алмазбеков и Бектур Кочконбаев во 58. и 62. минута, но надежите за пресврт кратко траеја. Кади со својот втор погодок го постави конечниот резултат.

Според најновата ФИФА ранг-листа, Мадагаскар се наоѓа на 104. позиција, додека Киргистан, кој од декември е предводен од Просинечки, е веднаш зад него на 105. место.

Интересно, последниот триумф на Киргистан датира од пред една година на 25 март 2025, кога изненадувачки го совлада Катар со 3-1 во квалификациите за Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот