Фото: Слободен печат

Просечната плата во декември била 46.889 денари, за 928 денари повеќе од ноември

Просечната исплатена нето-плата во државава, во декември минатата година, била 46.889 денари, објави Држацвниот завд за статистика. Во однос на ноемвриската прсечната нето-плата кога била 45.961 денари, ова е зголемување за дури 928 денари.

Во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7,6 проценти, но ако се земе предвид реалниот раст, зголемувањето е 3,3 проценти.

Државниот завод за статистика ја пресмета и просечната нето-плата по работник во 2025 година и таа изнесувала 45.198 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот