Просечната нето плата во април 28.438 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари.

Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 отсто, додека бруто платата за 10 проценти.

-Зголемувањето на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 проценти), додека зголемувањето на бруто платата е резултат пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,3 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,1 процент) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,4 отсто), информира Заводот.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на март 2021 е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (3,7 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 проценти).

Зголемување, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата во однос на март е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (3,4 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 проценти)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот