Пропадна и набабри ново парче од булевар во Тетово, Касами пред Нова година сечеше лента
Грпки и нерамнини се појавија на коловозот на новоотворено парче од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, кое градоначалникот Биљал Касами свечено го пушташе во употреба пред само 38 дена. Станува збор за делот од касарната до селото Порој, кој општината го пушти во употреба во декември.
Препорачано
Како што пишува „Тетово инфо“, според граѓаните кои редовно се движат по оваа делница, на ова му претходело пропаѓање на дел од асфалтната подлога, па се интервенирало најверојатно во обид да се пополнат дупки, но воедно се формирале грпки на патот.
Градоначалникот Касами го пушти во употреба парчето од булеварот на 29 декември – тој сечеше црвена лента, а специјално осветлениот крак од булеварот го снимаше дрон.

Касами сега признава дека подраниле со пуштањето во употреба на парчето од булеварот и дека тоа сепак било недовршено, но вели дека со тоа сакале да им излезат во пресрет на иселениците кои биле дојдени во Тетово за новогодишните празници. Градоначалникот вели дека од фирмата-изведувач сега ќе бараат да ги „ревидира сите грешки“, иако, според неговото објаснување, таа ќе треба да го доврши недовршеното парче од булеварот.
„На новиот булевар јас и во друга прилика одговорив дека уште не е направено примопредавање. Ние го пуштивме употреба пред новогодишните празници, кога беа присутни на нашите луѓе кои се привремено вработени во странство поради итноста на потребата за да се пушти во употреба и користење за граѓаните. Во меѓувреме има обврска операторот да ги ревидира сите грешки кои се појавиле во овој период и од моментот кога ќе се формално ќе се направи примопредавање, а комплетно значи тој дел од булеварот ќе биде како што е по тендерската документација, изјави денес Биљал Касами.
Продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ на крајот треба да се поврзе со регионалниот пат кон Јажинце, со што ќе служи како своевидна обиколница на центарот на Тетово за возилата кои транзитираат кон косовската граница.
62-годишен маж почина по компликации од грип во тетовската болница


