ПРОНАЈДЕТЕ ГО СВОЈОТ СТИЛ: Како да ги изберете совршените очила за сонце?

очила за сонце

Очилата за сонце се омилениот летен моден додаток, кој може да ви создаде вистинска главоболка додека се обидувате да го најдете совршениот модел за себе.

Денеска постојат многу трендови, многу форми и облици, бои и стилови и некогаш е навистина тешко да се одбере само еден модел. Имајте предвид дека очилата за сонце освен што ве штитат од УВ-зраците, тие треба да ви послужат и како заштита од прашина и ветер, но и треба да бидат ефективен моден додаток.

Најпрво, обрнете внимание на обликот на лицето. Ако имате ситно лице, не избирајте преголем модел, а важи и обратното. Ако имате округло лице избирајте очила со правоаголна рамка, додека ако лицето ви е четвртасто, заоблените рамки ќе ви стојат подобро.

Од друга страна, не секогаш треба да се водите по трендовите. Најчесто, најдобриот избор е класиката, а никогаш нема да згрешите ниту со винтиџ и ретро моделите.

Имајте предвид дека очилата се тие кои го надополнуваат вашиот летен стил, затоа и треба да го пронајдете моделот кој се вклопува во она што вие сте, а не вие да се прилагодувате на моменталниот тренд.

ЛЕТЕН ШОПИНГ: На овие модни парчиња не штедете пари ова лето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот