ЛЕТЕН ШОПИНГ: На овие модни парчиња не штедете пари ова лето

лето мода

Летото е период од годината кога не можете да ги комбинирате парчињата од другите годишни времиња, па често треба да купите нешто ново.

Ова е краток список на облека и модни додатоци на кои не треба да штедите во лето:

Модерни влечки

Едни поелегантни за излегување и едни за на плажа. Ова лето можете да заборавите на апостолките и да си купите некој друг модел. Најважно е да се удобни.

Шарени очила за сонце

Оваа година се модерни очилата со рефлектирачки стакла, а можете да бирате и меѓу различните бои на рамки.

Цветен фустан

Не мора да е еден. Обезбедете си повеќе модели кои ќе ги комбинирате со другите летни модни додатоци и со сандали.

Сламена торба

Одберете го моделот кој ви се допаѓа и комбинирајте го и за дневни и за вечерни излегувања.

Костим за капење

Ако одите на одмор покрај вода, дури и да е тоа базен, купете си квалитетен костим за капење и бидете храбри во изборот на модел и дезен.

Во овие МОДНИ ЗАБЛУДИ мора веднаш да престанете да верувате

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот