Во овие МОДНИ ЗАБЛУДИ мора веднаш да престанете да верувате

мода

Иако модните правила се менуваат секоја година, некои го издржале времето и се повторуваат речиси секоја сезона.

Денеска живееме во време кога слободно можеме да експериментираме со бои, дезени и текстури, а правилата за нивно комбинирање веќе не се толку ригорозни.

Затоа и треба да престанете да ги почитувате следниве модни правила:

Розова и црвена не се комбинираат

Кој вели така? Со овие две бои може да се направат одлични комбинации. Само ослободете ја својата фантазија и сè ќе биде во ред.

Чевлите и чантата треба да се во иста боја

Освен ако не почитувате пропишан протокол, тогаш не треба да го следите ова правило. Сигурно умеете да искомбинирате складни бои на модните детали, кои воопшто не мора да бидат во истата нијанса.

Не може да носите злато и сребро истовремено

Златото и среброто одлично изгледаат заедно, па воопшто не се двоумете ако сакате да ги искомбинирате.

Принтови не се мешаат

Секако дека постојат одредени принтови кои не можете да ги комбинирате, но доколку тоа го правите со вкус и стил, ќе добиете навистина стилски изглед кој ќе ве издвојува од другите.

Машка облека не е за жени

Славните дами одамна докажаа дека може да се комбинира и машка облека, особено во време кога макси модните парчиња се повторно во тренд.

Го зазема модниот трон: По анимал и карираниот, пристигна „must have“ принтот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот