Фото: Монтажа

Пронајдено е телото на мафијашот Баја — луѓето на шефот на белградската полиција го запалиле?

Телото на Александар Нешовиќ – Баја, поради чие исчезнување беше уапсен началникот на белградската полиција Веселин Милиќ, е пронајдено покрај автопатот кај Шимановци, дознава „Данас“ од повеќе извори во полицијата.

Според неофицијалните информации на „Данас“, Нешовиќ со огнено оружје бил убиен од Саша Вуковиќ, познат како Боске, во еден ресторан на Сењак. Боске наводно седел во друштво со Милиќ. Милиќ го повикал Нешовиќ за да ги помири него и Вуковиќ бидејќи претходно влегле во конфликт.

Веднаш по доаѓањето на Нешовиќ избила расправија, по што Вуковиќ извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон Нешовиќ, кој починал на самото место.

Според истите сознанија од полицијата, потоа двајца од тројцата полицајци од обезбедувањето на Веселин Милиќ, заедно со Вуковиќ, го изнеле телото од ресторанот и го оставиле покрај автопатот кај Шимановци, каде што било запалено. Милиќ и уште еден полицаец останале во ресторанот за да ги отстранат трагите и снимките од безбедносните камери.

Со помилување криминалци, Вучиќ отвори врата за насилство врз студенти и граѓани, вели Академскиот пленум на Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот